
Др. Саво Трајановиќ воведува нови дијагностички процедури (ЕХО дијагностика на мускулоскелетен систем) , ПРП метода, Терапија со ударни бранови ( Shockwave терапија).
Др. Саво Трајановиќ е роден 1982 година во Скопје, Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје 2009 година. Запишува специјализација по физикална медицина и рехабилитација во 2010 година и ја завршува 2014 година. Во овој период учествува во повеќе проекти и работилници во неколку градови низ Австрија и познати рехабилитациони центри. Волонтира во Заводот за физикална медицина и рехабилитација во Скопје, се вработува во ПЗУ Ангеловски како физјатар, по што се вработува во Здравствен дом во Скопје во Поликлиниката Ѓорче Петров на оделението за физикална медицина и рехабилитација каде работи до мај 2022 година. Во овој период посетува курсеви за улразвучна дијагностика за мускулоскелетен систем во Поликлиника Антамедика во Белград и ултразвучен курс за мускулоскелетна дизјагностика Sonoskills од Холандија. Активен учесник е во повеќе конгреси во земјава и странство со свои презентации. Учесник и организатор на неколку работилници за итраартикуларни инекции со професори од САД. Од мај 2022 се приклучува на тимот на др. Соња Талевска во ПЗУ Меридиан Медикал каде покрај стандардите процедури и физкланите методи ја воведува и ултразвучната дијагностика на мускулоскелетниот систем и терапијата со ударни бранови Shockwave терапија.
